Saturday, May 14, 2016

Eveline Color Edition Lipstick & Lovers Ultra Shine Lipgloss Review



Во мојата колекција со шминки немав ништо од брендот Евелин. Редовно го купувам еден од нивните нај познати лакови за нокти 8во1 од кој што сум многу задоволна и затоа решив да испробам и некои други производи од овој бренд и да споделам со вас импресии.
Избрав кармин и сјај за усни од новата колекција за кои што ќе читате денес и  сакав и бб крема ама дека таа повеќе не се произведува решив да ја пробам новата Cover Sensation течна пудра за која што ќе читате во некој од наредните постови.

Eveline Color Edition Lipstick 



Овој кармин има преубаво паковање и морам да признаам паковањето ме привлече на прв поглед. Карминот е спакован во прекрасно златно паковање на кое што на долната страна има провидна пластика со бојата на карминот што е одлично ако имате неколку нијанси од овој кармин.

Карминот е со сјаен финиш, јас избрав светло розева нијанса што можам да ја носам секојдневно. Има мека текстура, хидратантна формула и прекрасен мирис. Многу лесно се нанесува, има средна пигментација па потребно е 2 пати да се помине со карминот за совршена нијанса.  Во самата тектура има светки кои што после нанесувањето не се познаваат.
Трае неколку часови, после неколку часа сјајот избледува ама бојата останува на усните.
После неколку часа приметив малку дека ми ги суши усните ама тоа ми се случува со секој кармин па не е голем проблем.


Карминов многу ми се допаѓа и дефинитивно ќе ги пробам и другите нијанси, ви го препорачувам да го пробате нема да погрешите. Цена 240 ден.




Eveline Lovers LipGloss



Ќе бидам искрена сјајот за усни го оставив уште во основно, повеќе преферирам мат кармини. Ама мислам дека со мат шминка или за вечерен изглед сјајот за усни може да изгледа прекрасно.
Овој сјај за усни на Евелин има едноставно паковање, и прецизен апликатор што ми се допаѓа.
Јас ја имам нијансата 615, и е со розеви-праска тонови.


Мириса прекрасно, не е многу леплив и се чуствува лесно на усните а не е ни премногу течен да се разлева од усните или да изгледа не уредно.
Во самата формула има арганово масло па не ги суши усните него баш на против ги хидрира.
На усните стои долго, ама ако јадете или пиете мислам дека нема да издржи долго.
Јас често го нанесувам и за преку ден, кога немам многу шминка па нанесувам малку колку да ги истакнам усните.


Мене многу ми се допаѓа особено дека не е леплив и не се чуствува многу тешко на усните па многу често го користам. Ако сакате да пробате сјај би ви го препорачала овој цената му е  225 ден. :)



Дали вас ви се допаѓа брендот Eveline?
Кои ви се омилени кармини за пролет?

1 comment: