Tuesday, December 8, 2015

Catrice Camouflage Cream Review






Catrice е прилично нов бренд на Македонскиот пазар. Нивните производи се со ниски цени а нудат одличен квалитет. Прв производ што го пробав беше токму овој коректор, а што мислам за него ќе прочитате подлу во текстот.

Catrice Camouflage Cream содржи 3г производ за цена од 205 ден. Спакован е во мала пластична тегличка со транспарентен капак. Самото паковање е изработено до цврста пластика, и паковањето е прилично мало па не зафаќа многу простор.
Текстурата на производот е прилично густа и кремаста и со тоа овозможува повисока покривност. Одлично се нанесува со прсти, со четка или со сунѓерче.
Овој коректор можете да го најдете во 3 нијанси 010 Ivory (мојата нијанса), 020 Light Beige, 030 Rosy Beige.


Коректорот нуди средна до висока покривност, најдобро е да се нанесе во тенок слој па по потреба може да се надоградува.
Јас го користам за делот под очите, и мене ми е ПРЕдобар за таа намена,  и ни најмалку не ми го суши тој дел ниту пак ми се вовлекува во линии. Единствен проблем со овие коректори е дека можат да ги истакнат посувите делови, ама јас имам комбинирана/мрсна кожа па немав таков проблем.
Ако ви се собира во линии во делот под очите, пред нанесување убаво хидрирајте го тој дел, и нанесете во потенок слој, па ако има потреба надоградете.


Некогаш го користам само коректорот и ми е сосема доволен, одлично прекрива бубулици и црвенило или флеки од акни, најчестокои што најчесто ги имам кај брадата.Зависи од состојбата на кожата, некогаш го фиксирам со камена пудра или пудра во прав па коректорот трае се додека не го избришам од лицето.

Ова ми е трето паковање од коректорот па мислам дека тоа доволно кажува колку ми се допаѓа. Мислам дека за цена од 205 ден нема да најдете подобар коректор. Сум пробала многу поскапи од овој и ниеден од тие не бил покривен како овој и не ми изгледал толку убаво на кожата. Го препорачувам да го пробате затоа што вреди за секој денар.
10/10

4 comments:

  1. Одличен пост! ^^ Го имам пробано и ми има оставено одличен впечаток. Ме потсеќа нa 2 in 1 concealer & fixing powder од Manhattan, дури и истата текстура ја имаат. (:

    ReplyDelete
  2. Каде можам да го купам овој коректор?

    ReplyDelete
  3. Stom ima preodna ocenka od tebe-ke go probame

    ReplyDelete