Friday, November 6, 2015

Montagne Jeunesse 7th Heaven Face Masks Review

Денес ќе ви пишувам за нешто што ми е омилено да го правам во слободно време а воедно му правам услуга на мојата кожа, се работи за маските за лице од Montagne Jeunesse.
Скоро секогаш купувам маски за лице што се за 1 до 2 употеби, ретко купувам во туба затоа што скоро никогаш не ги трошам до крај.
Овие ми беа првите маски за лице што почнав да ги користам. Најмногу ми се допадна дека си пишува која за каква кожа е наменета и сите се со природни состојки.
Денес ќе пишам за моите омилени ако ве интересира продолжете да читате.


Blemish MUD

 

Оваа ми е омилена маска и маска што најмногу ја имам користено, затоа што ефектот е видлив уште по првото користење. Го намалува црвенилото, ги смирува/суши воспалените акни, и ги освежува порите. Ефектот е видлив уште по првата употеба, чиста и здрава кожа.
Наменета е за проблематична кожа сколона кон акни и црвенило, масна и чуствителна кожа.
Пред употреба треба да го исчистите лицето со топла вода, потоа нанесувате рамномерен слој од маската на лицето и после 15-20мин или откако потполно ке се исуши се одстранува од лицето.
Состојки: Алое Вера, Врба, Медитеранска Глина, Рузмарин.


Chocolate Mask



Како голем обожавател на чоколадо нормално морав да ја пробам и оваа маска.
Оваа ми е маска за релаксирање, мириса и изгледа како чоколадо, на кожата му дава некој здрав сјај и ја хидрира. Потешко се суши, му треба околу 20-25 мин, и исто потешко се отстранува ама ефектот е одличен. Незнам дали ги исчисти порите како што пишува ама знам дека кожата ми ја направи екстремно мека и мазна.

Наменета е за сите типови на кожа. Исто ако и сите други маски се нанесува на чиста кожа, и откако ќе се исуши се отстранува со млака вода.

Состојки: Какако, медитеранска глина, сол од мртво море, путер од Ши дрво.



Peel off mask



Овие ми се најинтересни маски и исто така едни од омилените, и што е најдобро погодни се за честа употреба и не ја сушат кожата.  Оваа маска длабински ги чисти и освежува порите ги отстранува мртвите клетки и остатоците од шминката,  кожата добива здрав изглед, и на допир кожата е мека и чиста.

Еве како треба да се употреби:
Нанесете од маската на лицето на чиста кожа, рамномерен тенок слој, избегнуваќи ги очите и усните. Легнете и опуштете се 15-20 мин или додека комплетно не се исуши. Нежно излупетеја маската без силно да влечете. Остатоците измијте ги со млака вода. Користете 1 до 2 пати неделно за најдобри резултати. Не се препорачува за многу сува кожа.

Состојки: Краставица, Јаглинка, ЖенШен, Витамин Е.

Skin Polisher



Оваа е пилинг маска, за разлика од другите маски не се суши. Оваа маска се состои од мед, ванила и ши путер. Малите јојоба зрненца ги отвараат порите и нежно ги отстрануваат сите нечистотии и мртвите клетки од кожата. Добивате чиста и мазна кожа.
Се нанесува на чиста кожа и со рамномерни кружни движења, нежно направете пилинг, и оставете да делува 15-20 мин.

Пред употреба најдобро е да ја тестирате вашата алергиска реакција на овој производ. Јас немав никаков проблем а ни сестрами ама секоја кожа различно реагира.
Маскава одлично ги чисти порите и ги отсранува мртвите клетки од кожата, иако е пилинг маска многу е нежна за кожата. Откако ја користам оваа маска ретко користам друг пилиг, овој ми е сосема доволен.

Состојки: Мед, Млеко, Ванила, Ши путер.



Маските можете да ги најдете во сите подобро снабдени маркети и аптеки низ Македонија. Исто така можете да ги порачате онлајн од  http://depileve.mk/ или од нивната официјална страна на фејзбук Маски За Лице.


Маскиве се прекрасни, цените се достапни за сите и за ниска цена добивате одличен производ. Јас од ниту една маска немав никакна не сакана реакција, ама би ви препорачала пажливо да ги прочитате сосјтојките, и да направите тест на вашата алергиска реакција пред употреба. Јас ги препорачувам затоа што секоја кожа заслужива вакво задоволство! :)

2 comments:

  1. Replies
    1. Vo DM, Vero Cosmo ili online www.depileve.mk ili od facebook https://www.facebook.com/maskizalice/?fref=ts :)

      Delete