Wednesday, October 21, 2015

Max Factor Velvet Vollume Mascara & Max Factor Masterpiece Eyeliner Review



Здраво на сите! Денес ќе пишувам за новата маскара и туш на Max Factor, веќе знаете колку ги сакам нивните производи, особено маскарите, и во денешниот пост ќе пишам што мислам за маскарата и тушот и слики со пред и потоа ефект.




Max Factor Velvet Volume Mascara



И оваа маскара има класично паковање препознатливо на стилот на Макс Фактор, во црна и златна боја и изгледа многу луксузно и убаво. Маскарава е со количина од 12мл.

Најмногу ми се допадна четката, гумена е, и одлично ги расчешлува трепките, структурата е посува и на тој начин трепките добиваат одличен волумен и должина а сепак не се залепени една до друга.



 Најважно од се ефектот е траен, трепките се исти како во моментот кога ја нанесов маскарата и не ми се пресликува на очниот капак иако имам мрсни капаци.
Мене ми е многу важно лесно да се отстранува маскарата, оваа не е водоотпорна и лесно се отстранува со сретство за отстранување на шминка од очи, или со обични влажни марами.
Морам исто така да напоменам дека ефектот што го дава на трепките изгледа многу природно, што кај мене е многу позитивно, одамна барав ваква маскара. Доволни се 2 слоеви за одличен  долготраен ефект.


Ако ви треба маскара што има долготраен и по природен ефект, оваа е идеална и ја препорачувам, вреди за секој денар! :)


Max Factor Masterpiece eyeliner



Ако сте во потрага за долготраен, премногу пигментиран и во екстремно црна боја туш за очи тогаш моја препорака е новиот туш за очи на Макс Фактор!
Имам користено најразлични тушеви за очи, особено овие како фломастер ми се омилени, и ниеден не бил со волку интензивна црна боја!
Единствено на почетокот ми сметаше апликаторот затоа што никогаш порано немав користено нешто слично, ама по неколку  користења сфатив дека всушност многу лесно можеш да го постигнеш изгледот што со сакаш, дали подебела или по слаба линија или стилот на "cat eye".
Друго позитивно е дека не ми се пресликува на очниот капак иако имам мрсни капаци, и се изненадив колку е долготраен, и после 9 часа кога се погледнав во огледало тушот ја имаше истата интензивна боја како на почетокот.


Јас сум многу задоволна и го препорачувам, би ви препорачала да го пробате на тестер пред да го купите затоа што има необичен апликатор, кој што мене лично не ми смета затоа што е многу прецизен ама за некои би можел да претставува проблем.



Производве можете да ги најдете во сите подобро снабдени парфимерии низ Македонија.

2 comments: