Wednesday, October 28, 2015

Max Factor SmokyEye Drama Kit Sumptuous Gold & Lavish Onyx



Макс Фактор излезе со нови продукти, покрај новата маскара и туш за кој што пишував рецензија ОВДЕ, има и нови палети со сенки.
Она по што се специфични овие палети е тоа дека во нив има и една мат нијанса за веѓи.
Има неколку палети од кои што јас ги имам Sumptuous Gold и Lavish Onyx.

Палетите изгледаат многу убаво, црна кутија со транспарентен капак и златни детали, внатре има 4 сенки 3 со светки а една мат нијанса за веѓи. Одлични се и за патување затоа што се мали, и доволно цврсти а и има доволно нијанси за совршен мејкап изглед.

Самите палети се состојат од одлично искомбинирани нијанси и многу светки. Самата текстура е свиленкасто мека, светлите нијанси се транспарентни и помалце пигментирани во нив повеќе доминираат светките, додека потемните нијанси се одлично пигментирани, и лесни се за употреба.




Sumptuous Gold


Уште кога прв пат ја видов палетава се заљубив во нијансите,  ова се бои што би ги користела секојдневно нијансите се претежно се златни, бронзени, и бакарни одлични за секојдневна употеба.
Сенкиве најчесто ги користев со база за сенка како и сите други сенки што ги користам. Многу се долготрајни, имам мрсни очни капаци и сенкиве ми траат по цел ден. Одлично се пигментирани па доволно е само еднаш да се помине со четката по очниот капак, ако сакате металик финиш можете да ги користете со влажна четка, ама на тој начин незнам колку би биле долготрајни. Морам да напоменам дека при нанесување многу се ронат па затоа треба по прецизно нанесување, мене лично тоа не ми представува проблем затоа што скоро секогаш прво ги шминкам очите после лицето.


Нијансата што е наменета за веѓи можете слободно да си ја користите и како сенка за очи, особено за дефинирање на крајниот дел од окото и на долната линија. На сликите подолу можете да видите како јас на имам користено оваа палета.




Lavish Onyx

Следнава палета е Lavish Onyx, оваа палета содржи по темни нијанси. Омилена нијанса ми е розевата, оваа е бронзено розева нијанса одлична за секојдневна употреба и е една од најпигментираните во палетава.


Белата нијанса е најмалку пигментирана, ама има многу светки во неа па може слободно да ја користите над било која сенка ако сакате по гламурозен изглед.
Не сум голем фан на сината сенка затоа што по некоја моја логика не ми стои, ама на зелени или кафени очи мислам дека би им стоела прекрасно, текстурата е многу фина и мека.
Нијансата за веѓи е одлична, јас често ја користам и како сенка за очи и е екстремно многу пигментирана.
Еве како јас се нашминкав со палетава :)




*Палетиве можете да ги најдете во сите подобро снабдени парфимерии низ Македонија.

No comments:

Post a Comment