Thursday, August 13, 2015

Seventeen Matt plus Foundation Review + Swatches


За пудрава не планирав рецензија, ама толку многу ми се допадна што морав да споделам со вас. Се работи за пудрата на Севентин, Мат Плус.
Ги имам користено и другите пудри на Севентин и ептем бев задоволна, како од покривност така и од трајноста, ама оваа уште по пријатно ме изненади.

Да пишам прво за паковањето кое што многу ми се допаѓа затоа што е со пумпа и никогаш нема да излезе премногу производ, изработено е од квалитетно стакло што нема да се скрши ако случајно ви се лизне од раце и има 30мл производ.
Пудрата има спф 20,  нуди средна до висока покривност, долготранја е и дава 100% мат ефект што ја прави идеална за комбинирана/мрсна кожа.
Доста е течна и брзо се суши, па треба побрзо да се нанесува, во однос на нанесувањето имам пробано и со сунѓер за течна пудра и со четка, и со четка се добива подобар ефект и поголема покривност а со сунѓер по дневен по природен изглед. На почеток има полумат финиш кој потоа станува 100% мат, па нема потреба од камена пудра. Мене ми е трајна и ми стои матт долго време ама ако имате многу мрсна кожа мислам дека по неколку часа треба да се фиксира со камена пудра.
Достапна е во 9 нијанси, а во Македонија има само 6, јас ја имам најсветлата 01 beige која што е баш неутрална нијанса ни премногу жолта а ни розева. Ако сте со премногу светол тен, можно е и оваа да е претемна за вас.
Благодарение на локална парфимерија ги сликав и останатите нијанси од пудрава.


На сликата подолу можете да видите без пудра и потоа одличниот резултат со пудра, исто така можете да забележите дека немам баш чисто лице и дека пудрава со само еден слој ми даде одлична покривност.


Заклучок
Одлична пудра, со одлична цена! Ја препоралувам на сите девојки со комбинирана/мрсна кожа, добивате покривност и долготраен мат ефект. Вреди за секој денар.
10/10


5 comments:

  1. Одлична рецензија! Одамна сакам да ја пробам, таман при крај ми е пудрата па оваа ќе биде наредна.

    ReplyDelete
  2. Пудрата изгледа преубаво на твоето лице. Споре рецензијава, звучи доволно добра да се проба :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete
  3. Прекрасно стои на лицето оваа пудра би сакала да ја пробам :)

    http://corleonka.blogspot.com/

    ReplyDelete
  4. Zdravo, kolku cini pudrava??

    Inaku blogot ti e odlicen :)
    Pozdrav

    ReplyDelete
    Replies
    1. Fala mnogu :) inaku pudrata e 600 den ☺️

      Delete