Saturday, August 1, 2015

Aura Glorious Cheeks Highlighter Review


Летово немаше ден а да не ставам хајлајтер, па затоа и се решив да напишам рецензија, затоа што се работи за баш евтин а одличен продукт, што вреди да се проба. Мене ми е второ паковање па мислам дека тоа укажува колку многу ми се допаѓа.



Прво да пишам за паковањето кое што е многу обично, пластична црна кутија со проѕирен капак на кој што има налепница за да видтите дали предходно е отворен или не, што е супер. Во кутијата има 5грама производ што е одлично за цената.
Од овие хајлајтери има две верзии Golden Spice и Nude Shimmer, јас го имам Golden Spice затоа што повеќе ми се допаѓа како стои на мојот тен.



Хајлајтерот се користи за да се истакакнат некои делови на лицето, јас го користам на образите, под веѓите малку на носот, а често знам да го нанесам и како сенка на очите.
Има многу убава свиленкаста текстура, не се ни премногу тврди а ни премогу меки, пробав со различни четки да го нанесувам и со сите изгледаше одлично. Исто така и одлично се вклопува со другата шминка на лицето (пудра, руменило, брозер).
Во однос на пигментираноста изненадена сум од тоа колку е пигментиран, треба многу малку производ за да се добие тој здрав сјај на лицето, сепак не би сакале да изгледаме како лампион, особено девојки со мрсна кожа треба да внимаваат на количината што ја нанесуваат, затоа што уште повеќе би се истакнале мрсните делови од лицето.


На сликата можете да видете колку само убаво изгледа на лицето и баш е "must have" производ за лето. Од сите хајлајтери што ги имам пробано достапни кај нас, овој ми е омилен, за цена од 200ден добивате одличен производ.

1 comment:

  1. Многу ми се свиѓа како ти стои на тенот и дефинитивно од сега ми е на листата на производи што мора да ги купам:)

    ReplyDelete