Tuesday, June 2, 2015

The Fashion Tag

Марина од Marama's Place ме тагна во оден од нејзините постови, и јас со задоволнство решив да одоворам на овие прашања.
Јас ги повикувам http://www.shybutsecretlyfab.com/ ; http://www.fabulousisfreedom.com/



1. Зошто го започна блогот?
Бев инспирирана од странските блогери и и јас сакав да си имам свое катче каде што би можела да обајвувам мои комбинации, постови поврзани со шминка итн.

2. Каков е твојот Стил?
Мојот стил преживеа трансформации, ама сепак мислам дека си останав по впечатива по тоа умешно да комбинирам различни стилови во една комбинација. И пред се сакам удобни комбинации.

3. Која ти е модна инспирација?
Немам некоја специфична, се инспирирам секојдневно од најразлични луѓе и стилови.

4. Омилен странски блог?
http://krisssy.blogg.no/

5. Модна инспирација од филм или серија?
Од  филмот The Other Woman, Cameron Diaz ми беше прекрасна во секоја можна модна комбинација.

6. Што носиш во моментов?
Шарен комбинезон од Кимико.

7. Кое е твоето омилено парче облека?
Фармерки, имам над 20 пара и ги носам скоро секојден, за различни прогоди.

8. Кое е последно парче гардероба што го купи?



9. Кое е најстарото парче облека кое го поседуваш и уште го носиш?
Обичен црн фустан го имам повеќе од 5 години и уште го носам и кошула од Мак Џинс, ама таа е стара над 20 години.

10. Кое е најскапото парче кое го поседуваш?
Michael Kors часовник и чанта од Egeo.

11. Што облекуваш кога не знаеш што сакаш да носиш?
Комбинезон, удобни се а и веќе имаш составена комбинација.

12. Парче облека кое го носиш а луѓето околу тебе го мразат?
Boyfriend Jeans, мене лично ми се предобри и преудобни и немам намера да прстанам да ги носам.



13. За кое парче облека се каеш што си го купила?
Кошулава, ја имам околу година дена дома, а ниту еднаш ја немам облечено и фустанчево го купив лани во Турција за смешна цена, ама има некоја грешка во моделот и не ми стои баш најдобро.
14. Без што не го напушташ домот?
Никаде не одам без чантата.

15. Што никогаш не би облекла?
Било што до колена, значи или подколена да е или над. Многу лошо ми стои до колена а и  неудобно се чувствувам.

16. Која боја ти е омилена?
Немам некоја специфично омилена, зависи од кој период од годината е така и ми се менуваат омилените бои.

17. Омилен Парфем?
Од Lancome La Nuit Tresor, одличен е за преиодов многу е свеш и премногу траен.

18. Боја на кармин што најчесто ја носиш?
Golden Rose Velvet matte 03, имам потрошено дури 3 кармини од истава нијанса.

19.Боја на лак која најчесто ја носиш?



20. Патики или балетанки?
Балетанки.



1 comment:

  1. Драго ми е што го напиша постов.
    Одлични ти се фотографиите.
    За разлика од тебе јас имам два пара фармерки :D

    ReplyDelete