Thursday, June 25, 2015

Avon Eyeshadow Base Review


Ова е еден од постовите што сакам да ги објавам подолго време ама секогаш објавував нешто друго. Се работи за базата за сенка на Авон, од која што сум посебно задоволна.



Пакувањето му е едноставно и класично како другите производи на Авон, изработено е од квалитетно стакло и има црн едоставен капак. На прв поглед изгледа дека се работи за многу поскап производ. Содржи 3гр производ со рок од траење 12 месеци.
Има многу мека пенаста структура што мене многу ми се допаѓа, и многу лесно се нансесува. Текстурата не му е леплива па сенките одлично се нанесуваат и одлично се блендаат една со друга. Со базата сенките се многу попигментирани и многу подолготрајни. Особено за долготрајноста можам да потврдам затоа што јас имам многу мрсни очни капаци па и најскапите сенки не ми се многу долго трајни, па со базава сенките цен ден не ми мрдаат од очите, безразлика дали се работи за сенки на Clarins MAC, или Ruby Rose.



На слиикава во горниот ред сенките се со база, а на вториот се без база. Разликата се гледа.
Одличен производ со многу ниска цена, го препорачувам.

No comments:

Post a Comment