Денес во соработка со Македонските Модни Блогерки, издвоивме 5 коректори до 500 ден. Кои што се со одлична прекривна моќ, одлични за секојдвевно користење, и што е најдобро од се, цената им е одлична.
Исто така, секој понеделник ке има еден пост во соработка со Македонските Модни Блогерки, поврзан со шминка, кои продукти тие би ги препорачале и мини рецензии на производот.
Се надевам дека ви се допаѓа. :)
1.
Марија Стојковска
17 години
Блог : Fabulous is Freedom
Oriflame Corrective Stick
Го користам долго време и е одличен. Зелениот дел прекрива црвенила, содржи органски екстракт од чајно дрво кој ги смирува и суши мозолчињата. А посветлиот дел за прекривање други недостатоци. Лесно се нанесува и се фиксира со пудра.
2.
Илина Пејоска
24 Години
Essence Coverstick Matt Honey
Сум користела многу коректори од мојата 15 годишна возраст. Причината за тоа е темните кругови под очите кои ги имам уште од раѓање поради зголемена пигментација во тој дел од лицето. Не се страшни, но сепак кога бев тинејџер ми претставуваа проблем. Сега ги покривам само за шминката да ми изгледа подобро.
Сум користела толку многу коректори, што не се ни сеќавам кој ми оставил
најдобар впечаток. Последен коректор кој го користев е коректорот на Essence, Coverstick во нијанса Matt Honey, бидејќи подобро
одговара на мојот тен (имам потемен тен).
Иако коректорот е наменет за покривање на бемки и црвенило, јас го користев за покривање на темните кругови под очите и сум релативно задоволна.Не само што ги покрива темните кругови, туку и ги измазнува подочниците. Дефинитивно го препорачувам.
Иако коректорот е наменет за покривање на бемки и црвенило, јас го користев за покривање на темните кругови под очите и сум релативно задоволна.Не само што ги покрива темните кругови, туку и ги измазнува подочниците. Дефинитивно го препорачувам.
3.
Александра Спасеска
30 Години
Блог : aleksandrinavezilka.wordpress.com
Manhattan Cosmetics 2 in 1 Concealer & Fixing Powder
Коректорот има кремаста текстура што добро се нанесува и со прсти и со четкичка. Јас го користам најмногу за подочници, а покрива и црвенило и мали лузни. Значи има голема покривност. Густ е и мене ми е подобро да го нанесувам со прсти за да се прилагоди на температурата на кожата и убаво да се натапка. Има две нијанси, јас ја користам потемната. За дневен изглед супер е за во комбинација со лесна пудра или ББ/ЦЦ крема ако го користите штедливо и во тенок слој за да покриете само она што навистина мора да го покриете. За посилна шминка го ставам врз претходно подготвено лице со крем/серум и пудра и го фиксира со фиксаторот во прав што доаѓа во долниот дел на пакувањето. Вреди за парите и тоа како, особено ако имате мрсна/комбинирана кожа. За оние со сува кожа задолжително ставајте хидратантен крем инаку може да ви ја исуши кожата. Ако немате потреба од голема покривност, изберете полесна, течна формула. Цена 450 ден.
4.
17 Години
Блог http://www.shybutsecretlyfab.com
Essence Match 2 Cover
5.
Сара Ацевска
22 Години
Блог : sarademode.wordpress.com/
Користам многу малку шминка за преку ден, некои денови и воопшто, ама коректор е еден од оние производи што ми се најважни. Имам комбинирана кожа, секогаш изгледам уморна, затоа што имам светол тен, па изгледам бледо, а имам темни кругови под очите. Затоа сакам коректор кој освен што ќе ми ги покрие недостатоците, ќе направи да изгледам посвежо.
Happy Light е коректор кој го користам речиси две години и сум презадоволна од него. Производот има кремаста структура, лесно се размачкува и е долготраен, ми се допаѓа тоа што не остава линии. Лесен е, има средна покривност. Го користам и за покривање на темни кругови под очите, и за било какви несовршености на лицето. Супер е што може да се користи и за двете намени, подеднакво добро.
Трајност: Трајноста е супер за цената. Со користење на камена пудра останува на мојата кожа речиси цел ден.
Нијанса: Јас го имам коректорот во: 21 Ivoire, која е за нијанса посветла од мојата кожа, па го решавам проблемот со потемна камена пудра, бидејќи потемната нијанса на коректор ми е претемна. Има само две нијанси, што е една од негативните страни.
Нијанса: Јас го имам коректорот во: 21 Ivoire, која е за нијанса посветла од мојата кожа, па го решавам проблемот со потемна камена пудра, бидејќи потемната нијанса на коректор ми е претемна. Има само две нијанси, што е една од негативните страни.
Пакување: Доаѓа во пакување од 2.5 грама, кое се троши многу споро, бидејќи е потребна мала количина за едно нанесување.
Цена: 350-400 денари
Оцена: 8/10
6.
Catrice Camouflage Cream
Браво девојки постот е прекрасен :)
ReplyDeletesuper post!
ReplyDeletemoj favorit e #5, no i ovoj od Catrice e isto odlichen :)
donnaoctober.blogspot.com
https://instagram.com/donnaoctober/