Thursday, May 28, 2015

Avon Luxe Face Primer


Веќе долго време сакав да купам база за лице, особено некоја со мат ефект и што ќе ја направи пудрата подолготрајна затоа што како што веќе знаете пролет/лето имам премногу мрсна т-зона па пудрата ми се разлева и ми се губи од лицето, а во овој период од годината не ни сакам да користам многу тешки пудри или плус камена пудра.
Читав многу рецензии на интернет за најразлични бази и скоро никоја не ми одговараше како што треба според описот, а тие што беа совршени беа пре скапи. 
Во новиот каталог на Авон ја видов базава, според описот имаше се што барам а цената e повеќе од одлична. На интернет не најдов никаква рецензија, ама сепак решив да ја порачам. Ја користам околу 1 недела секој ден и решив да пишам мислење. Ако ве интересира што мислам продолжете да читате.


Прво да пишам за паковањето, кое патем ми привлече најмногу внимание затоа што изгледа прекрасно, елегантно и луксузно. Производот е спакован во преубаво златно шише од 28мл, и што е најважно има пумпа и излегува доволно производ за да се покрие целото лице.
Од Авон го добив во хартиена кутија на која што пишува рок на траење, состав и начин на употреба.

Се изненадив кога видов дека е во бела боја, наликува на крем и има одличен мирис.


 Еве што кажува Авон за базава:
    " Твојот прв чекор кон совршена шминка. Лесната подлога ја подготвува кожата за идеално нанесување на шминката и го продолжува нејзиното траење. Кожата станува кадифено мазна и хидрирана, едноставно безпрекорна. "

Се согласувам од збор до збор, кога прв пат ја нанесов се изненадив колку само кожата ми беше мека, кадифено мазна и ги направи порите околу носот и на брадата помалце видливи. Нанесувањето на течната пудра никогаш не било полесно, пудрта совршено "легна" на кожата, и што е најважно од се изгледаше по природно. Зависно каква пудра користите таква ке биде и долготрајноста. Ја употребив на матурската вечер и шминката цел ден и вечерта кога се вратив дома не ми беше ниту малку разлеана.

Јас сум презадоволна и тотално ја препорачувам, дали вие ја имате користено базава и дали ви се допаѓа?

5 comments:

  1. Паковањето е баш луксузно, многу ми се допаѓа како изгледа.
    Ветувачки изгледа базава, а и одлична рецензија, би сакала да ја пробам.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Mene mi e odlicna, bas bi sakala da vidam kako ke ti odgovara tebe :)

      Delete
  2. Ме заинтригира со постов за базава,во прва прилика ќе ја пробам!

    ReplyDelete