Веќе долго време сакав да купам база за лице, особено некоја со мат ефект и што ќе ја направи пудрата подолготрајна затоа што како што веќе знаете пролет/лето имам премногу мрсна т-зона па пудрата ми се разлева и ми се губи од лицето, а во овој период од годината не ни сакам да користам многу тешки пудри или плус камена пудра.
Читав многу рецензии на интернет за најразлични бази и скоро никоја не ми одговараше како што треба според описот, а тие што беа совршени беа пре скапи.
Во новиот каталог на Авон ја видов базава, според описот имаше се што барам а цената e повеќе од одлична. На интернет не најдов никаква рецензија, ама сепак решив да ја порачам. Ја користам околу 1 недела секој ден и решив да пишам мислење. Ако ве интересира што мислам продолжете да читате.
Прво да пишам за паковањето, кое патем ми привлече најмногу внимание затоа што изгледа прекрасно, елегантно и луксузно. Производот е спакован во преубаво златно шише од 28мл, и што е најважно има пумпа и излегува доволно производ за да се покрие целото лице.
Од Авон го добив во хартиена кутија на која што пишува рок на траење, состав и начин на употреба.
Еве што кажува Авон за базава:
Се согласувам од збор до збор, кога прв пат ја нанесов се изненадив колку само кожата ми беше мека, кадифено мазна и ги направи порите околу носот и на брадата помалце видливи. Нанесувањето на течната пудра никогаш не било полесно, пудрта совршено "легна" на кожата, и што е најважно од се изгледаше по природно. Зависно каква пудра користите таква ке биде и долготрајноста. Ја употребив на матурската вечер и шминката цел ден и вечерта кога се вратив дома не ми беше ниту малку разлеана.
Јас сум презадоволна и тотално ја препорачувам, дали вие ја имате користено базава и дали ви се допаѓа?
" Твојот прв чекор кон совршена шминка. Лесната подлога ја подготвува кожата за идеално нанесување на шминката и го продолжува нејзиното траење. Кожата станува кадифено мазна и хидрирана, едноставно безпрекорна. "
Се согласувам од збор до збор, кога прв пат ја нанесов се изненадив колку само кожата ми беше мека, кадифено мазна и ги направи порите околу носот и на брадата помалце видливи. Нанесувањето на течната пудра никогаш не било полесно, пудрта совршено "легна" на кожата, и што е најважно од се изгледаше по природно. Зависно каква пудра користите таква ке биде и долготрајноста. Ја употребив на матурската вечер и шминката цел ден и вечерта кога се вратив дома не ми беше ниту малку разлеана.
Јас сум презадоволна и тотално ја препорачувам, дали вие ја имате користено базава и дали ви се допаѓа?
Паковањето е баш луксузно, многу ми се допаѓа како изгледа.
ReplyDeleteВетувачки изгледа базава, а и одлична рецензија, би сакала да ја пробам.
Mene mi e odlicna, bas bi sakala da vidam kako ke ti odgovara tebe :)
DeleteМе заинтригира со постов за базава,во прва прилика ќе ја пробам!
ReplyDeleteSe nadevam deka ke ti se dopadne :)
DeleteКОлку пари е ? :*
ReplyDelete