Monday, March 23, 2015

Max Factor Masterpiece Transform Mascara Review




Веќе ви е познато дека сум голем љубител на маскарите на Макс Фактор, имав и рецензија на 3 нивни други маскари, рецензијата можете да ја прочитате во овој пост.
Кога прв пат излезе маскарава имаше најразлични критики, и позитивни и негативни, па ептен сакав да ја пробам, ама имав 3 други и морав да чекам. Кога ја добив од Макс Фактор на рецензија бев пресреќна.
Маскарава има преубаво црно златно паковање и количина од 12мл.
Има воденеста структура што мене многу ми се допаѓа затоа што добивам повеќе волумен и должина на трепките со само еден слој.
Голем плус маскарава не се размачкува околу очите како некои други маскари а јас имам многу мрсни капаци и освен видоотпорна маскара никоја друга не ми траела подолго од 2 часа, а оваа трае цел ден и  изгледа како штотоку да сум ја нанела. Многу ме потсетува на маскарата на Клиник (High Lengths), многу слична структура имаат, и многу сличен ефект добивав на трепките.


Маскарава има многу необична четка која што е многу помала во однос на она што досега имам пробано. Мене многу ми се допаѓа затоа што е многу попрецизна и одлично ги исчешлува и издолжува трепките.




Маскарава не е водоотрпорна па лесно се отстранува со средство за отстранување на шминка од очи.
Јас сум многу задоволна и оваа е една од ретките маскари што би ја купила пак, дефинитивно ми е омилена периодов и не планирам да ја сменам, освен ако не најдам слична по по ниска цена.

6 comments:

  1. Одлина рецензија. Маскарата и нејзиниот ефект изгледаат навистина фантастично!
    Дефинитивно би сакала да ја пробам во најскоро време ^_^

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete
  2. odlicen efekt, mora da se proba :)

    http://octobergraves.blogspot.com/
    https://instagram.com/octobergraves/

    ReplyDelete
  3. Super slike! Nisam nikada probala ovu maskaru prije :)
    http://www.itsmissivana.blogspot.com

    ReplyDelete
  4. Одличен пост! Се радувам на вакви рецензии во кои се гледа и ефектот што го дава производот. Не сум пробала нивна маскара, се надевам наскоро ќе биде во мојата корпа :D

    ReplyDelete