Saturday, February 14, 2015

Must have makeup brushes

Ако сакате беспрекорно нанесена шминка избирањето на четките за шминка е многу важно. На пазарот има најразлични четки за шминање, и секако дека не ви се потребни повеќето од нив особено ако не сте професионален шминкер. Најчеста грешка во купување на четки за шминка е купување на веќе оформен сет, со премногу четки од кои половина од тие не ви се потребни и ке останат не искористени. Затоа, најдобро е самите да си го составите сетот со четки за шминка, и да ги купите само оние најпотребните.


1. Четка за течна пудра
Имам пробано најразлични четки од најевтини до поскапи. За четка за течна пудра вреди за се вложи малку повеќе. Моја препорака се четките со рамен врв и што се со погусти влакна. Начин на употреба:
Пудрата ја тапкате на лицето со кружни движења, и на тој начин со малце пудра ќе постигнете голема покривност.
2. Четка за Пудра
Оваа четка може да ја користите за пудра во прав, камена пудра и бронзер. Најдобро е да биде мека и со средна големина.


3.Четка за Руменило
Слична е како таа за нанесување на камена пудра, само што е помала и малку накосена специјално дизајнирана за совршено нанесување на руменило или бронзер.



 4. Четки за сенка
Од четките за сенка, најпотребни ви се само 3, средна четка за нанесување на сенка на очниот капак, мала четка која што служи за нанесување хајлајтер под веѓите и за прецизно нанесување на сенка на долниот дел од окото, и голема четка за блендање на сенките особено ако користите повеќе бои.





5. Четка за веѓи
Со оваа четка ќе добиете природно полни и дефинирани веѓи. Првин  исчешлајте ги веѓите па потоа нанесетеја сенката за веѓи во соодветна нијанса што ви одговара со косата.






No comments:

Post a Comment