Tuesday, December 9, 2014

Ingrid Mineral Foundation Review & Swatches






Незнам колку од вас слушнале за Ingrid Cosmetics , ова е козметични бренд од Полска со цени достапни за сите. Оваа им е една од најтрошените течни пудри и затоа би сакала да кажам и јас некој збор за неа.
Мислам дека скапите течни пудри немора да значи дека секогаш ќе бидат добри за вашиот тип на кожа, како што и по евтините течни пудри нема да бидат добри за вашата кожа.

Пудрава е спакована во црна класична туба од 30мл, што значи дека може да ја искористите целата пудра што е внатре.
Многу голем минус е дека има многу слаб избор на нијанси само 4 (29 porcelain, 30 natural beige, 31 golden beige ,32 warm sand),  и најголем проблем се тие светлите, затоа што и најсветлата е темна за мене.
Има кремаста структура и мислам дека најдобро би било да се нанесува со четка за течна пудра, не се осеќа тешка на лицето и има слаба до средна покривост, но затоа се тука коректорите нели?
 Погодна е за секојдневно користење, во однос на трајноста, не е многу трајна со камена пудра би траела 5-6 часа. На лицето дава многу природен изглед, и има сјаен финиш, па незнам колку тоа би им одговарало на тие со мрсна кожа.




Ако сакате секојдневна пудра за изедначување на тен, и не многу голема покривност тогаш би ја препорачала пудрава, ако барате поголема покривност и  трајна пудра оваа не е за вас.
Дали би ја купила повторно?
-Можеби.




Вака изгледа на лице, денес не беше времето на моја страна па незнам колку може да видите како стои пудрата на лице.

Дали вие ја имате користено пудрава и дали сте задоволни?
Се надевам деа ви се допадна постов, имајте убав ден!

*Сликиве не се обработени со фотошоп.


3 comments:

  1. You look absolutely stunning

    Love Vikee
    www.slavetofashion9771.blogspot.com

    ReplyDelete
  2. Прекрасен пост, би сакала да ја пробам оваа пудра :)

    http://corleonka.blogspot.com/

    ReplyDelete